Нашата приказна

Plantsy е иницијатива инспирирана од природата и од сета романса на светот. Видовме пчели кај што танцуваат, морски коњчиња на состанок, кенгури кои се боксираат и шуми што шумолат. Чудно е да не се обожува се што е наоколу, и е задоволство да се опева во се што ние луѓето правиме. Ние решивме да правиме сапуни. И решивме да ги правиме толку добри што ќе ве натераат да пеете, ќе ве натераат да си облечете сатенски свилени пижами после вечерна бања и да се гушкате, или ќе викате од возбуда и свежина на почеток на вашиот ден после утрински туш. Plantsy создава луксузни рачно направени природни сапуни од висок квалитет, изработени со прецизност и континуитет во усовршувањето на нашиот занает. Користиме природни растителни масла за формирање на основата на сапунот, и додаваме хербални додатоци и
есенцијани масла за да го постигнеме тој краен елемент на естетика и лековитост на секое парче.

За нашето патување

Почнавме со истражување на овој занает некое време во 2021, и веќе во 2022 имавме неколку мали серии на производство. Од тогаш, учиме, експериментираме во производството и целиме блиску до совршенство. Би сакале да ги зачуваме производите доволно достапни, сепак задржувајќи највисок квалитет. Веруваме дека тоа што го правиме совршено се вклопува во целиот еколошки синџир на претвoрање, и се надеваме да инспирираме и други поврзани иницијативи како што одиме понатаму.